Услуги
FruktImport - April 10, 2018
Фрукт Импорт е приватно трговско друштво кое се занимава со купопродажба на прехрамбени артикли на големо и нуди добри услови за соработка со своите клиенти и со другите друштва.
Зградата на друштвото Фрукт Импорт е организирано на тој начин да им нуди на своите клиенти услуги според современите стандарди. Во зградата се наоѓаат канцелариите на друштвото и магацинот каде се артиклите со кои работи ова друштво. Најредовни клиенти се тие кои се најблиску до нас, особено оние од селата на Општина Сарај и оние од Општина Ѓорче Петров. Тие се добро очекувани од страна на тимот кои работат во ова друштво, така да за кратко време се спрема она што е порачано.
За клиентите кои се наоѓаат подалеку од нас, вршиме дистрибуција до нивните продавници. Комерцијалист од нашето друштво ги посетува продавниците и порачката се прави директно со продавачот или пак може порачката да се направи преку телефон. И за овие клиенти услугата е многу ефикасна, така што, за кратко време во текот на денот се врши дистрибуција на порачаното до нив.
Исто така имаме добра соработка со другите друштва кои се занимаваат со истата дејност и врШиме дистрибуција до нив на артиклите со кои ние работиме.